Што претставуваат порцеланските ламинати?

Порцеланските ламинати претставуваат ултра тенки лушпи бондирани (залепени) на предната површина од забот, за да се постигне природен и атрактивен изглед на забите.

Предности на порцеланските ламинати?

  • Целосно без метални и целосно безбедни
  • Минимален инвазивен третман
  • Не се менуваат со текот на времето
  • Издржливи и отпорни на абење
  • Максимална естетика

Дали третманот е штетен за забот?

Не. Откако оштетениот или пребоениот заб е анестезиран со локална анестезија, стоматологот ја отстранува само горната површина на забот (емајлот).

Важно е да се напомене дека за оваа процедура не е потребно значително одземање на забна супстанца и во некои случаи можат да се изработат без стругање на забите.

За што се добри порцеланските ламинати?

  • Препокривање на пребоените површини на забите.
  • Реставрирање на дефекти поради проблеми со формирање на емајлот.
  • Коригирање на должината на забите.
  • Затворање на просторот (дијастемата) помеѓу инцизивите.
  • Подобрување на изгледот на “криви заби”.
  • Постигнување на посакуваната белина на забите.
  • Подобрување на формата на забите.