Метал керамички коронки

Метал керамичките коронки претставуваат традиционален тип на дентални реставрации кои често се изработуваат како поединечни (соло) коронки или мостови над природни заби и импланти. 

Овој  тип на порцелански коронки се изработуваат со фасетирање на металната основа со порцелан кој што има боја на природен заб и се одликува со голема издржливост и цврстина, отпорна на пребојување.

Придобивки од метал керамичките коронки

  • Цврстина: добар избор за предни и бочни заби
  • Издржливост: долготрајна и сигурна реставрација
  • Природен изглед: површина со природна боја и изглед
  • Прецизност: специјалната компјутерска CAD/CAM технологија гарантира извонредни естетски резултати и перфектно одговарање на изработката со природниот заб или имплантот.

За CAD/CAM технологијата

Метал керамичките коронки се дизајнирани и произведени со специјална компјутерска CAD/CAM технологија која обезбедува најдобра прецизност покрај другите бенефиции кои не можат да се гарантираат со другите конвенционални методи на изработување. Совршениот резултат е постигнат за многу краток временски период поради дигитализација на  сите фази од  изработувањето. Метал керамичките коронки изработени од нашата стоматолошка ординација се направени од премиум стоматолошки материјали.

Метал керамички наспроти циркониумски коронки

Иако метал керамичките коронки имаат многу предности, поради феноменот на темна линија на работ на коронката што во некои случаи се појавува, тие не претставуваат најдобро решение од поглед на естетиката.

Карактеристики Zirconia коронки Метал керамички коронки
Биокомпатибилност Одлични
Добри
Естетика Одлични
Многу добри
Прецизност Одлични
Многу добри
Боја Одлични
Многу добри
Издржливост Одлични
Одлични
Алергија на метал Не
5-18%

За најдобро естетско решение одберете zirconia коронки.