Што претставува имплант?

Имплантот претставува вештачка замена на коренот на забот кој е закотвен со претходно дупчење во вилицата, а подоцна надограден со коронка, мост или протеза над импланти. Имплантите се направени од титаниум, материјал кој добро се толерира (биокомпатибилен) од страна на човечкото тело и лесно се интегрира  со коскено ткиво.

Во некои случаи кога нема доволно коска за поставување на имплант, потребно е да се направи синус лифт или коскено графтирање.

Имплантите ќе ви овозможат да јадете, џвакате, разговарате, да се смеете самоуверено, толку многу што некогаш ќе заборавите дека вашите заби не се природно ваши.

Зошто треба да поставам имплант?

Ако сте уморни од срам од паѓање на протезите, не можете да ја јадете храната што ја сакате и неефективноста на лепакот за протези или едноставно сакате да го замените изгубениот заб, тогаш имплантите се совршено решение за вас.

Ако се уште се двоумите околу поставување на импланти, тука се и некои од можните несакани последици од изгубените заби:

  • Соседните заби може да се движат кон празнината од изгубените заби со што настанува пореметување на соодносот на вилиците, а со тоа и пореметување во виличниот зглоб
  • Вашите протези се лабави и ви предизвикуваат потешкотии во џвакањето кое може да доведе до проблеми со варење на храната.
  • Ако не дејствувате што е можно поскоро, вашата вилица започнува да губи коскена маса со текот на времето. Коскената ресорпција може да резултира со трансформација на лицето.
  • За време на процесот на џвакање, остатоците од храна што може да останат на местото на изгубениот заб и имаат негативен ефект врз соседните заби.
  • Изгубените предни заби може да ви го отежнат зборувањето и да ја изгубите самодовербата.

Закажете бесплатен преглед и консултација за импланти во нашата ординација

📞 +38970787070

Формулар за контакт