Како може да помогне ортодонтскиот третман?

Ортодонцијата е гранка на стоматологијата која ги корегира забите и вилиците кои се поставени неправилно. Збиените заби и забите кои не се поставени правилно потешко можат да се одржуваат чисти, изложени на ризик да бидат изгубени рано поради расипување на забите и периодонтална болест, а со тоа и да предизвикаат дополнителен стрес на мускулите за џвакање што може да доведе до главоболки, TMJ syndrome, болки во вратот, рамениците и грбот. Забите кои се искривени или не се на вистинското место исто така може да влијаат на изгледот на лицето.

Придобивките од ортодонтскиот третман вклучуваат поздрава уста, попријатен изглед и заби со поголема веројатност да траат доживотно.

Ортодонтотскиот третман има за цел да го постигне следново:

  • затворање на широки празнини помеѓу забите
  • исправување на кривите заби
  • подобрување на способноста за говор или џвакање
  • зголемување на долгорочното здравје на непцата и забите
  • спречување на долготрајно прекумерно абење или траума на забите
  • третирање на неправилен загриз

Третманот може да го подобри изгледот на забите, но исто така може да доведе до подобра функција на џвакање и говор, и во некои случаи да помогне да се заштитат забите од оштетување или распаѓање.

За да се постигнат овие цели, се користат голем број на ортодонтски апарати кои може да бидат мобилни и фиксни.