Што претставуваат порцеланските ламинати?
Порцеланските ламинати претставуваат ултра тенки лушпи бондирани (залепени) на предната површина од забот, за да се постигне природен и атрактивен изглед на забите.
Предности на порцеланските ламинати?
- Целосно без метални и целосно безбедни
- Минимален инвазивен третман
- Не се менуваат со текот на времето
- Издржливи и отпорни на абење
- Максимална естетика
Дали третманот е штетен за забот?
Не. Откако оштетениот или пребоениот заб е анестезиран со локална анестезија, стоматологот ја отстранува само горната површина на забот (емајлот).
Важно е да се напомене дека за оваа процедура не е потребно значително одземање на забна супстанца и во некои случаи можат да се изработат без стругање на забите.
За што се добри порцеланските ламинати?
- Препокривање на пребоените површини на забите.
- Реставрирање на дефекти поради проблеми со формирање на емајлот.
- Коригирање на должината на забите.
- Затворање на просторот (дијастемата) помеѓу инцизивите.
- Подобрување на изгледот на “криви заби”.
- Постигнување на посакуваната белина на забите.
- Подобрување на формата на забите.