Зошто моите заби се пребоени?
Забите можат да бидат пребоени од различни причини:
- најчесто од храна и пијалоци (кафе, чај, синтетички бои за храна итн.) кои со текот на времето навлегуваат во подлабоките слоеви на емајлот, од каде што не можат да се отстранат со конвенционално четкање на забите.
- пушење
- пребоени пломби
- лекувани (девитализирани) заби
Дали третманот е штетен за забите?
Не. Во ДентиМакс користиме професионален систем за белење на забите кој обезбедува минимален инвазивен третман без никакво оштетување на забите.
Зошто препорачуваме белење на заби?
- професионално: тоа е најкомплетниот систем за белење на заби
- брзо: брилијантни бели заби и самоуверена насмевка за само еден час
- ефективно: максимално белење за насмевка побела од 5-8 нијанси
- долготрајно: атрактивни заби со години
- безбедно: клинички тестови докажуваат дека белеењето на забите е најбезбедната стоматолошка и козметичка процедура